Ја нема онаа „стандардна“ еуфорија кај нашиот пикер

СТОИЛОВ: Наш следен чекор е Црна Гора!

Стојанче Стоилов појасни дека одбраната го донесе триумфот над Словенија на отворањето на Европското првенство во Хрватска.

објавено: 13 јануари 2018 - 22:02

Стојанче Стоилов појасни дека одбраната го донесе триумфот над Словенија на отворањето на Европското првенство во Хрватска.
Македонија победи со (25:24)и ги освои првите два бода, а според столбот на нашата одбрана, оваа победа не смее да бид епросланеа еуфорично туку како што објасни во микс зоната, да оди чекор по чекор.

„Одбраната го реши мечот вечерва. Многу цврста игра од двете селекции. Некои моменти беа нивни, но некои моменти од играта беа наши. Тежок меч, долго време чекавме победа над Словенија. Но, да не се летаме сега. Одиме чекор по чекор. Следен чекор е Црна Гора"- рече Стоилов по триумфот над Словенците кој ни дава големи шанси да се преселима во она втор фаза во Вараждин,

Најново во Ракомет