ЌЕ ИМА СТРОГИ КОНТРОЛИ

УПАТСТВО ЗА НАВИВАЧИТЕ: Внимавајте каде ги носите железните парички

Со оглед на тоа дека пред секој влез на Арената Загреб ќе има строги контроли, македонските фанови ќе мора да внимаваат дури и на железните парички.   

објавено: 13 јануари 2018 - 13:00

Од Загреб, Марија Ковачева

Со оглед на тоа дека пред секој влез на Арената Загреб ќе има строги контроли, македонските фанови ќе мора да внимаваат што ќе понесат со себе. „Спортмедиа“ го праша организаторот што не е дозволено да се внесе во салата. Правилата горе-доле не сме променети: Запалките секако се строго забранети, како и сите тврди предмети кои би претставувале закана за ракометарите на теренот, но и за останатите фанови на трибините. 

Навивачите ќе мора да внимаваат и каде ќе ги чуваат железните парички, доколку ги носите во паричник во тој случај нема да ви бидат одземени. Во салата е забрането да се внесуваат секакви шишиња, а сите оние кои имаат купено карти ќе мора добро да го запазат правилата за влегување во Арената. 

За натпреварот меѓу Македонија и Словенија се најавени околу 10.000 фанови. „Фалангата“ ќе брои околу 2.000, додека Словенците поради блискоста ќе бидат во доста поголем број.

 

 

 

Најново во Ракомет