УШТЕ ЕДНА ПОРАКА ОД РФМ

Уште еднаш, со сите сили, ладни глави, спортски, фер, достоинствено и гордо ќе ги браниме боите на националниот дрес!

Во првиот натпревар од главната фаза, денес нашите машки ракометни сениори ќе се соочат со селекцијата на Шпанија.

објавено: 21 јануари 2018 - 14:15

Ракометната федерација на Македонија упати уште еден повик до сите љубители на ракометот. Од РФМ порачаа дека повторно, со сите сили, ладни глави, спортски, фер, достоинствено и гордо ќе ги браниме боите на националниот дрес!"

„Во првиот натпревар од главната фаза, денес нашите машки ракометни сениори ќе се соочат со селекцијата на Шпанија.

Познат противник и нов, навистина голем предизвик.

Овој пат, трибините на арената во Вараждин ќе бидат во апсолутна доминација на нашата верна фаланга наспроти шпанската црвена фурија.

Повторно, со сите сили, ладни глави, спортски, фер, достоинствено и гордо ќе ги браниме боите на националниот дрес!“

Срце на терен: ЗА МАКЕДОНИЈА!

Најново во Ракомет