ПО ШПАНИЈА, ДОЈДЕ И РЕДОТ НА ШВЕДСКА

Во Скандинавија владеат „трите круни", ќе бијат битка за златото!

Во скандинавското полуфинале во Загреб, Шведска изненади и против Данска (35:34), по двете продолженија од по пет минути

објавено: 26 јануари 2018 - 22:31

Ако некој сметаше на финале Франција-Данска, се излажа, и тоа многу. Затоа што од тоа нема ама баш ништо...

На Европското првенство во Хрватска, за првото место, златниот медал и титулата европски ракометен првак, ќе одлучуваат селекциите на Шпанија и на Шведска.
Затоа што во вториот полуфинален дуел, макар и во екстра периодот од десет минути, Шведска ја порази Данска (35:34) и дојде до позицијата која малку кој им ја предвидуваше.

А ова полуфинале тргна како и она првото.
Во главната улога сега беа ракометарите на Шведска кои ги изненадија своите соседи во секој поим на ракометната игра.
Играа беспрекорно во нападот „трите круни". Во 20. минути игра од првото полувреме, реализираа дури 16. пати. А добрата одбрана го натера нивниот противник да реализира само 11.
За повеќе од убедливи (16:11).

Арнесон и Екберг ја предводеа нивната офанзива, со по три гола. На другата страна, очекувано, се некако се сведе на индивидуалните квалитети на Микел Хансен (шут 5 од 6), Лауге (4) и Сван (три погодоци).
Но Данците немаа намера да се предадат, напротив...
Со два гола на Хансен, и уште еден од Олсен, Данска се доближи на само два гола негатива, (14:16), како што беше на полувремето од ова второ полуфинале на евро-шампионатот.
И второто полувреме шведскиот состав го почна подобро во однос на оној од Данска. Набрзина, за нецели девет минути игра, ја вратија онаа комотна разлика, сега од пет гола (20:15). Но Хансен доби помош од Лауге, и нивниот заеднички ефект (од 15. гола), ја врати Данска уште еднаш во игра за финале.
Намалија Данците на (19:21), а по голот на Олсен, и на (21:22), кога се играше 49. минута. Но никако не успеваа да дојдат до толку посакуваниот егал.
Практично, Хансен зема се во своите раце. Стигна и до двоцифрен број на голови (10/14 или реализација од 71%), и ја држеше својата селекција во игра. Му успеа тоа на долгокосиот Данец, со удар од седум метри, по кој по 55. минути игра беше нерешено (25:25).
Одговорот од Шведска дојде преку двата гола на Закрисон, за ново одвојување, а кога погоди и Готфридсон, во последните две минути се влезе со големи (28:25) во корист на ракометарите во „сино-жолта" комбинација.
Но тие не им беа доволни...
Кога најмногу требаше, повлече Сван, со два гола од десно крило, донесе делириум кај данските навивачи. Данска се избори за продолжение (28:28).
Првото продолжение го доби Шведска, со (3-2), за минимално водство (31:30).
Закрисон и Екберг погодија за (33:31), и токму Закрисон го даде голот вреден финале. За недостижн (34:32)

 

Најново во Ракомет