ХРВАТСКИОТ СЕЛЕКТОР СО ПОРАКА ДО СРБИТЕ

Во Сплит нема да нè победи ниту селекцијата на светот!

Вечерва со дуелот Хрватска-Србија во Сплит, и официјално се отвора Европскиот шампионат. Знак да почна да „зовриваат стратстите" пред пресметката на двата големи спортски ривали.

објавено: 12 јануари 2018 - 16:45

Арената „Спаладиум" во Сплит вечерва ќе биде исполнета до последното место. Околу десет илјади гледачи ќе дојдат во ова недовршено издание, како „во живо " би го следеле отворањето на Европското ракометно првенство.

Односно дуелот помеѓу селекцијата домаќин, Хрватска и една од „најомилените" - онаа на Србија.
Очекувањата, пред се на домаќините се големи, одат дотаму дека мора да се освои и европското злато.
А еден од најголемите оптимисти е нивниот предводник од клупата, селекторот Лино Червар.

„Се веселам за навивачкиот 'гушт' кој е присутен тука во Сплит. Без оглед на тоа што многумина кога ме прашуваат зошто полуфиналето и финалето не се играат во Сплит, имаат право. Во Сплит не би не победила ниту репрезентацијата на светот" - оптимист е Червар.

Најново во Ракомет