ГОЛЕМ ШОК ЗА МАКЕДОНИЈА

За Лазаров заврши Европското првенство

Селекторот на македонската репрезентација, Раул Гонзалез на прес-конференцијата откри дека повредата на Кирил Лазаров е сериозна и тој нема да игра до крајот.

објавено: 21 јануари 2018 - 22:18

Од Вараждин, Марија Ковачева

Селекторот на македонската репрезентација, Раул Гонзалез на прес-конференцијата откри дека повредата на Кирил Лазаров е сериозна и тој нема да игра до крајот. Капитенот се повреди во 11. минута и до крајот не влезе во игра. Во моментов освен изјавата на Гонзалез на официјалната прес-конференција немаме дополнителни информации за каква повреда станува збор.

„Најверојатно ова ќе биде последен натпревар за Лазаров. Повредата не изгледа добро. Тоа ќе биде голем проблем за нас, бидејќи тој е играч на кој се базира нашата игра и ќе биде многу тешко без него во продолжението“, рече Раул. 

За Македонија ова е тежок удар особено ако се земе во предвид дека не чекаат два важни дуели, против Чешка во вторник и против Данска в среда.

Најново во Ракомет