АКО ТРИУМФИРААТ И НА ОВА ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО

За одбрана на златото, Германците ќе добијат по 250.000 евра!

Ако го освојат шампионатот во Хрватска, тогаш германските ракометари ќе може да сметаат на оваа сума, која е минимална, вели претседателот на нивната федерација, Боб Ханинг...

објавено: 12 јануари 2018 - 17:15

„Играчите, со право, го побараа тоа од нас, а ние како сојуз, значително го зголемивме износот за премија"- вели Боб Ханинг, претседателот на германската ракометна федерација во пресрет на шампионатот во Хрватска.

Оној на кој „панцерите" го бранат златниот медал освоен пред две години во Полска.
Тогаш премијата беше нешто налик на најновата – 250.000 евра, со забелешка дека во цифрата влегуваат и парите од спонзорите, што значи дека за уште толку би можело да биде зголемено она „благодарам" за првото место.

Инаку, во случај првенството да го завршат едно место подолу, тогаш Германците ќе бидат наградени со 200.000, а ако бидат трети „само" со 150.000 евра.

„Играчите добро се однесуват. Ако му оди добро и на Ракоментниот сојуз на Германија, тогаш треба да им е добро и на играчите"- коментира Ханинг, кој за висината на премијата „преговарал" со капитенот Уве Гензхајмер и голманот Силвио Хајнефетер.

Шампионатот Германците го почнуваат во сабота попладне со дуелот од 17.15 часот потив Црна Гора.
Веднаш потоа во Загреб, во вториот меч од нашата група, од 19.30 часот, ќе ги омериме силите со селекцијата на Словенија

Најново во Ракомет