ЕКС РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ ДОАЃА ВО БИТОЛСКИОТ ТИМ

Еурофарм Работник ја засили голманската позиција

Трајковски е искусен голман кој го бранеше голот на македонската репрезентација на Светското првенство во Франција, кога селектор беше Лино Червар.

објавено: 22 јуни 2018 - 12:37

Екипата на Еурофарм Работник потпиша со уште еден играч за следната сезона, објави битолскиот тим на својот официјален сајт. По Ѓукиќ и Никола Маркоски, нов член на Еурофарм Работник е Благојче Трајковски. Искусниот 31-годишниот голман потекнува од школата на Тутунски комбинат, а во Еурофарм Работник доаѓа од Охрид.

Трајковски е искусен голман кој го бранеше голот на македонската репрезентација на Светското првенство во Франција, кога селектор беше Лино Червар.

Трајковски потпиша договор на една сезона и треба да претставува големо засилување меѓу стативите. Клубот најавува уште неколку нови имиња како тимот би бил покомпетитивен за следната сезона, кога покрај Суперлигата и Купот на Македонија, ќе настапува и во европските купови.

Најново во Ракомет