БИТОЛСКИОТ КЛУБ ПРИСТИГНА ВО МАВРОВО

Еурофарм Работник верува дека ќе биде во групите од Купот на ЕХФ

Македонскиот претставник во ЕХФ Купот, битолски Еурофарм Работник денес пристигна во Маврово и попладнево го одработи првиот тренинг под водство на Ѓорѓе Чирковиќ.

објавено: 7 август 2018 - 20:00

По неколку дена работа во Битола, сега српскиот тренер го има целиот ростер, со исклучок на повредените Трајковски и Крстевски, за да го подготви струшкиот турнир, а потоа и почетокот на Суперлигата.

Еурофарм Работник не ги крие големите амбиции оваа сезона, а верува дека може да се квалификува и во групната фаза на ЕХФ Купот.

Во Маврово експедицијата на Еурофарм Работник ќе остане до средината на следната недела. Да потсетиме, на Еурофарм Работник ќе му биде доволно да помине едно квалификациско коло за учество во групната фаза од Купот на ЕХФ, односно ќе настапи од третото квалификациско коло.

Најново во Ракомет