НЕМА ЛЕСНА ЗАДАЧА

Челинџ Куп: Куманово и Металург добија тешки противници

Единствените два македонски претставника во женскиот Челинџ Куп, Куманово и Металург ги добија противниците за третото коло во ова натпреварување. 

објавено: 18 јули 2017 - 11:34

Единствените два македонски претставника во женскиот Челинџ Куп, Куманово и Металург ги добија противниците. 

Поради добриот рејтинг на македонските екипи во овој Куп, Металург беше сместен меѓу носителите. Девојките од Автокоманда во третото коло ќе се сретнат со шпанската Малага. Металург прво ќе гостува, а вториот меч ќе го игра на домашен терен. 

Куманово кој пак не се најде меѓу носителите ќе игра против Лублин. За полскиот тим следната сезона ќе игра и македонската интернационалка, Елена Петковска. 

Првите натпревари од 3 коло ќе се играат на 11/12 ноември, додека реваншите ќе бидат одиграни една недела подоцна.


Најново во Ракомет