БИТОЛСКИТЕ ДАМИ ПОРАЗЕНИ ВО ПРВИОТ ОСМИНАФИНАЛЕН МЕЧ

Четвртфиналето во Челинџ купот се подалеку за ЖРК Пелистер

„Зелените" со 26:33 (12:13) го загубија првиот дуел со српска Наиса во осминафиналето од Челинџ купот.

објавено: 9 февруари 2019 - 20:05

ЖРК Пелистер го загуби првиот натпревар од осминафиналниот двомеч во Ниш, од Наиса со 26:33 (12:13).

Конечниот резултат не ја дава реалната слика на мечот, со оглед на тоа дека Пелистер во текот на целиот меч беше рамноправен противник, но потклекна во финишот.

Имаа водство во првиот дел, 11:9, но на полувремето заминаа со еден негатива (12:13).
Се држеа „зелените" во игра се до последните десет минути до крајот на средбата. Тогаш имаа шансата да направат нешто, се доближија на еден негатива 22:21, но не успеаја да се изборат за пресврт.

Во последните неколку минути како да го загубија чекорот и дозволија серија од 15-5 на Наиса за победа од 26:33.

Вториот осминафинален натпревар ЖРК Пелистер и Наиса го играат утре, во истиот термин, 18:30 часот, во салата „Чаир" во Ниш.

Најново во Ракомет