АЛБОРГ СЕПАК ЌЕ ИГРА СВОЈОТ ДОМ

ДАНЦИ СЕ ВО ПРАШАЊЕ: По големиот пожар, „Гигантум" подготвен за ракомет

Данскиот шампион Алборг, сепак во својот дом, арената „Гигантум" ќе ја стартува не само новата сезона, во која настапува во Лигата на шампионите, туку ќе може да го одработи и подготвителниот период.

објавено: 20 јули 2017 - 17:20

Данскиот шампион Алборг, сепак во својот дом, арената „Гигантум" ќе ја стартува не само новата сезона, во која настапува во Лигата на шампионите, туку ќе може да го одработи и подготвителниот период. По само 15-тина дека од големиот пожар кој се случи во салата, „Гигантум" е подготвен за ракомет.

Оптимистичките најави дека санацијата ќе биде експресна се остварија. Поставен е привремен ѕид (кој целосно ќе биде реконструиран до крајот на годината) и внатрешно комплетно е подготвен и теренот и трибинскиот простор.

Првиот натпревар од предсезоната е закажан за 16 август кога Алборг го пречекува Кил, додека една недела подоцна во „Гигантум" гостува ПСЖ. Капацитетот на салата е 4.500 гледачи, а досега се продадени 7.000 билети за двата меча.

Најново во Ракомет