ДВА МЕЧА ОД ПРВОТО КОЛО ЌЕ СЕ ИГРААТ ВО МАКЕДОНИЈА

„Двојна програма“ за Волендам во Охрид

Домашниот терен ќе биде голема предност за тимот на Горан Андоновски...

објавено: 9 август 2017 - 20:30

Тимот на Охрид сезонава првпат ќе игра во европските купови, иако минатата сезона имаше право, но не се пријави.

Сезонава, тимот на Горан Андоновски ќе игра во првото квалификациско коло на Купот на ЕХФ, а за противник го доби холандскиот тим КРАС Волендам.
Охридскиот тим не важи за голем фаворит, но шансите за пласман во следната фаза се зголемија откако Волендам прифати двата натпревара да ги игра во Охрид, во салата „Билјанини Извори". Дуелите се веќе закажани за 2 и 3 септември, сабота и недела, а нивниот почеток е во 19 часот. Доколку ги помине Холанѓаните, Охрид во второто квалификациско коло ќе се сретне со португалскиот тим Порто.

Најново во Ракомет