ОХРИД ГИ ПУШТИ ВО ПРОДАЖБА БИЛЕТИТЕ ЗА ДВОМЧЕОТ СО ВОЛЕНДАМ

Европски ракомет за 100 денари

Македонскиот претставник во ЕХФ купот, Охрид ги пушти во продажба билетите за двомечот со холандски Волендам, во првото квалификациско коло, кој на 2 и 3 септември ќе се одигра во СЦ „Билјанини извори".

објавено: 23 август 2017 - 11:55

Македонскиот претставник во ЕХФ купот, Охрид ги пушти во продажба билетите за двомечот со холандски Волендам, во првото квалификациско коло, кој на 2 и 3 септември ќе се одигра во СЦ „Билјанини извори".

Во претпродажбата на билетите која трае до 31 август, истите ќе чинат 100 денари за еден натпревар, односно 150 денари доколку се купи блок влезница. За сите оние кои нема навреме да обезбедат билети и ќе сакаат да го сторат истото на пред или на денот на натпреварите, цената ќе биде 150 денари за еден или 200 денари за блок влезница.

Охрид за првпат во својата клупска историја ќе се натпреварува на европска сцена, а имаше и поволна ждрепка. Договорот со Волендам натпреварите да ги игра на свој терен, како и поддршката од трибините треба да бидат дополнителен фактор и поттик за тимот да се најде во следната фаза од ова европско клупско натпреварување.

Најново во Ракомет