ЕУРОФАРМ РАБОТНИК ГИ ЗАПОЧНА ПОДГОТОВКИТЕ

„Фармацевтите" почнаа

Екипата од Битола за првпат сезонава ќе игра во европските купови

објавено: 8 август 2017 - 20:15

Ракометарите на Еурофарм Работник и официјално ги започнаа подготовките за новата сезона. Во минатата, која беше прва за нив како суперлигаши, „фармацевтите" завршија на петтата позиција во Суперлигата, а играа и во финалето на Купот што беше историски резултат.

Со тоа обезбедија излез во европските купови, конкретно во Челинџ купот, каде што за противник во третото коло го имаат литванскиот тим Каунас.

Најново во Ракомет