ЕВРОПСКА ПРЕМИЕРА ОД СОНИШТАТА

ИСТОРИЈАТА Е ИСПИШАНА: Охрид преку Волендам до второто коло на ЕХФ Купот

Охрид е на „седмо небо“, тимот од овој град имаше европска премиера од соништата. Избраниците на Горан Андоновски го добија вториот дуел со Волендам (24-23) и се пласираа во второто коло во Купот на ЕХФ.

објавено: 3 септември 2017 - 20:35

Охрид е на „седмо небо", тимот од овој град имаше европска премиера од соништата. Избраниците на Горан Андоновски го добија вториот дуел со Волендам 24-23 (13-10) и се пласираа во второто коло во Купот на ЕХФ каде за противник ќе имаат португалскиот тим на Порто.

За разлика од првиот натпревар, македонскиот тим беше тој којшто на полувреме имаше водство (10-13). Охриѓани во исто темпо продолжија во вториот дел, во 40. минута имаа позитива од 12-17. Холанѓаните сепак успеаја да се вратат во игра, израмнија на 20-20, 21-21 и 22-22. Димитријески, а потоа Блажевски ја запечатија победата која целосно ја заслужија.

За постетување, првиот натпревар кој се одигра вчеа заврши нерешено 24-24. 

Најново во Ракомет