Многу на малку

Кумановки со полна торба голови - Лублин го елиминира македонскиот претставник од Челинџ купот со 64 голови разлика

Нов убедлив пораз за срамно простување на Кумановки од Челинџ купот, се случи денеска во Лублин. Домашниот состав славеше уште една победа од 41:18 и со вкупна гол-разлика од 54 ги декласираа и елиминираа нашите ракометарки

објавено: 13 ноември 2017 - 20:35

Нов убедлив пораз за срамно простување на Кумановки од Челинџ купот, се случи денеска во Лублин. Домашниот состав славеше уште една победа од 41:18 и со вкупна гол-разлика од 54 ги декласираа и елиминираа нашите ракометарки.

разликата во квалитет се виде и на првиот меч, кога Перла Лублин славеше со 54:13, а денеска малку намалија гас и победија со 41:18. Или вкупно за два дена разликата е 95:31, или точно 64 голови. Тоа е над двојно повеќе од вкупниот ефект на Кумановки, кои на двата дуели дадоа 31 погодок.

Двомечот се играше во Полска, а Лублин заслужено патува во четвртата рунда.

Најново во Ракомет