ОХРИЃАНИ ИМААТ ШАНСА ЗА ИСТОРИЈА

МОЖЕШЕ ДА БИДЕ И ПОЛОШО: Охрид со реми на европска премиера

Екипата на Охрид со реми дебитираше на европската сцена, откако одигра нерешено против Волендам (24-24) во првото квалификациско коло во Купот на ЕХФ.

објавено: 2 септември 2017 - 21:11

Екипата на Охрид со реми дебитираше на европската сцена, откако одигра нерешено против Волендам 24-24 (13-15)  во првото квалификациско коло во Купот на ЕХФ. За избраниците на тренерот Горан Андоновски ова е добар резултат, особено ако се земе во предвид дека гостите во поголем дел од натпреварот имаа водство.

Охриѓани се разбудија кога беше најпотребно, по негативата од 13-15 по првото полувреме, нешто подобро заиграа во последните 15. минути. Гостите почнаа да грешат, а Кежиќ по погоди за водство од 23-22. Во 58. минута холандскиот тим поведе со 23-24, но Блажески израмни од пенал на 24-24.

Голманот Трајковски одбрани во следниот напад, но и на спротивната страна Еијлерс му го одбрани шутот на Бирдахиќ на стартот на последната минута. Гостите имаа напад за победа, но не го искористија и мечот заврши нерешено.

Во домашниот тим Блажески имаше шест голови, додека Бирдахиќ, Адамовиќ и Младеновски имаа по четири. Голманот Трајковски забележа 12 интервенции.

Реваншот се игра утре со почеток во 19 часот, исто во СЦ „Билјанини Извори“.


   

Најново во Ракомет