ОХРИЃАНИ БЕЗ НАЈДОБРИОТ РАКОМЕТАР ВО ДЕБИТО ВО ЕВРОПА

Охрид без Кобетиќ против Волендам

Бекот заработил повреда на коленото на последниот пријателски меч со Пелистер и најверојатно го чека подолга пауза

објавено: 29 август 2017 - 15:05

Со сериозни проблеми се соочува македонскиот претставник Охрид во пресрет на дебито во ЕХФ купот. Охриѓани останаа без главниот организатор на играта, Марко Кобетиќ. Бекот заработил повреда на коленото на последниот пријателски меч со Пелистер и најверојатно го чека подолга пауза.

„Голем хендикеп е повредата на Кобетиќ. Остануваме без главниот организатор на играта. Немаме јасна слика во моментов дали страдаа лигаментите на коленото. Чекаме да падне отокот, па да се направи магнетна резонанца која ќе ја дефинира сериозноста на повредата", не информираше стратегот на Охрид, Горан Андоновски.

Охрид викендов, на 2. и 3. септември, во салата „Билјанини извори" ќе го пречека холандски Волендам, во првото квалификациско коло од ЕХФ купот. На двата дуели македонскиот претсавник ќе биде домаќин по договорот меѓу двата клуба.

Најново во Ракомет