ПОЗНАТО ОД КАДЕ ЌЕ СТАРТУВААТ НАШИТЕ КЛУБОВИ

Охрид и Еурофарм Работник ги чекаат евро противниците

Овие две екипи сезонава ќе играат во ЕХФ Купот и Челинџ купот 

објавено: 10 јули 2017 - 14:45

Екипата на Еурофарм Работник ќе игра директно во третото коло од Челинџ Купот на ЕХФ. Битолскиот тим ќе го прескокне второто коло, а е рангиран меѓу носителите во третото коло. Ждрепката ќе биде на 18 јули, а мечевите ќе се играат во ноември.

За разлика од Еурофарм Работник, екипата на Охрид ќе стартува уште во првото коло од квалификациите и е во групата на неносители. Мечевите од ЕХФ Купот ќе се играат во првата половина на септември. 

Најново во Ракомет