СУПЕРЛИГАШОТ ПРЕД СВОЈАТА ПУБЛИКА ДЕБИТИРА ВО ЕХФ КУПОТ

Охрид е подготвен да испише европска историја

Охриѓани денеска и утре пред својата публика ќе го има своето европски деби. Во салата „Билјанини извори“ гостува холандски Волендам во првото квалификациско коло од ЕХФ купот.

објавено: 2 септември 2017 - 17:00

Охриѓани денеска и утре пред својата публика ќе го има своето европски деби. Во салата „Билјанини извори" гостува холандски Волендам во првото квалификациско коло од ЕХФ купот, двата дуели се играат со почеток во 19 часот.

Од таборот на охриѓани најавуваат дека се подготвени за овој голем двомеч и посакуваат полна сала за убав и блескав почеток на европската сцена. 

„Оптимиста сум и со поддршка на публиката и со добра игра се надевам дека ние ќе бидеме тие кои ќе се радуваат на крајот. Потребна ни е добра одбрана и со Благојче Трајковски на голот, кој верувам дека ќе има добар викенд ќе дојдеме до посакуваната цел – пласман во следната фаза од ЕХФ купот", вели тренерот на Охрид, Горан Андоновски, кој додава:

„Се консолидиравме и подготвени сме за европскиот предизвик. Добро го анализиравме Волендам, главна закана е бекот Мршуља, кој е нивно најголемо засилување сезонава. Играат брз, скандинавски ракомет и имаат поголемо искуство од нас во европските купови“.

„Гладијаторите" имаат реална шанса за да се најдат во следната фаза од ова европско клупско натпреварување што ќе претставува најголем клупски успех, но и подарок за навивачите за безрезервната поддршка низ сезоните наназад.

Најново во Ракомет