ТИМОТ НА ТАЛЕСКИ ПРЕСИЛЕН ЗА ЕВРО-ШАМПИОНОТ

Рајн Некар многу понапред од Вардар

Вардар поразен од Рајн Некар во полуфиналето на турнирот во Гумерсбах, 25:34 (10:14).

објавено: 12 август 2017 - 18:36

Актуелниот европски шампион, екипата на Вардар го загуби првиот официјалне натпревар во новата евро-кампања. 

Како дел од турнирот „4 клуба“ во Гумерсбах, „црвено-црните“ загубија од Рајн Неар со убедливи 25:34.

Доста неефикасно го одиграа „вардарци“ првото полувреме, во кое влегоа и во негатива од четири гола.

Рајн Некар ги реализираше последните два напади (еден гол на Талевски), за водство од (14:10).

Превисок со оглед на настаните на теренот во „Швалбе Арената“.

По пет минути игра од вториот дел, Вардар беше во уште поголема  негатива, сега и од шест гола (12:18). Пет минути подоцна, Германците водеа и со (23:15).

Евидентно беше дека германскиот тим е далеку понапред во оваа фаза од подготовките во однос на Вардар. И не беше чудно што тимо тна Талески дојде и до двоцифрена предност. 

По 50 минути игра во ова второ полуфинале од турнирот “4 клуба“, Рајн Некар имаше и највисоки (31:19). 

Вуко Борозан беше најефикасен во тимот на Вардаер со 8 гола, Македа постигна 6, Карачиќ 5, Ончев 2, а по еден Поповски, Криштопанс, Мораеш, Чупиќ, Дибиров и Шишкарев

Во „малото финале“ актуелниот европски првак кој вчера загуби и од Бергишер, ќе игра против екипата на Гумерсбах која во првиот меч беше убедливо поразена од Флензбург со десет голови разлика (20:30)

Најново во Ракомет