ФРАНЦУСКА ДОМИНАЦИЈА

Шарт повторно ја освои Струга

Францускиот прволигаш и оваа година ја понесе втората титула на ракометниот турнир. Во големото финале на најстариот ракометен турнир во Македонија, Шарт го совлада Бешикташ со 26-29.

објавено: 16 август 2017 - 15:00

Бешикташ го отвори резултатот на овој натпревар, а минималната предност ја одржуваа до средината на првиот дел. Актуелниот освојувач на струшкиот турнир, составот на Шарт со низа од три погодоци го превзема водството и дојде до првите +3 за една од екипите (8-11). Последниот период од првиот дел им припадна на турските прваци, Сретеновиќ, Озбахар и Доне ги вратија „црно-белите" во водство на овој дуел, но предноста не успеаа да ја задржат. Во самиот финиш Шарт со два погодока во низа замина на полувреме со минимална предност од 13-14.

Во вториот дел Шарт беше екипата која ја превзема иницијативата и го диктираше темпото. Токму тоа беше причина за резултатот 14-17 по пет минути игра. Средината на вториот дел овојпат им припадна на Турците, а серијата од 3-0 ја крунисаа со минимална предност од 17-18. Но ниту тука не беше крајот на возбудувањата. Во последните 10 минути двете екипи влегоа со изедначени 25-25, иако Бешикташ имаше предност од два погодока во текот на целото полувреме.

Во последните пет минути резултатската нишалка ги донесе Шарт во минимална предност, која Башиќ со два гола по ред ја претвори во +3,и конечни 26-29.

ФОТО: 24ракомет.мк

Трајкоски најдобар голман на турнирот

Во финалето на турнирот „Струга 2017" се соочија Бешикташ и Шарт, но најдобриот голман доаѓа од тимот на Охрид. Благојче Трајкоски ги освои симпатиите на сите покрај езерото со одличните одбрани на дуелите пред се од групната фаза против Бешикташ и Алингсас, додека против Металург забележа 9 одбрани, но се покажа и како стрелец и постигна 4 голови.

За најдобар стрелец е прогласен Андрас Флодман од Алингсас, додека за МВП на годинешниот турнир е прогласен босанскиот интернационалец Един Башиќ од победникот на турнир, францускиот второлигаш Шарт.

Најново во Ракомет