ОСВЕН НА ТЕРЕНОТ СЕ ОЧЕКУВА ГОЛЕМА БИТКА И НА ТРИБИНИТЕ

„Фалангата“ мора да биде подготвена: Словенците најавуваат 10.000 навивачи против Македонија

Дуелот меѓу Македонија и Словенија се игра утревечер во Загреб, во рамките од првото коло на Европското ракометно првенство

објавено: 12 јануари 2018 - 08:30

Со возови, со автобуси, со автомобили и на секој друг начин, што е можно поголем број на словенечки навивачи ќе се упатат кон Загреб, каде во „Арената“ утревечер селекцијата на Словенија ќе игра против Македонија, во рамките од првото коло од Европското првество. 

Според наавите, голем дел од словенечките навивачи ќе тргнат кон Загреб и тоа со возот со кој ќе патуваат и ракометарите на оваа селекција. Останатите ќе дојдат со други возови, потоа организирано со автобуси, но и во приватна решија со автомобили. 

Се најавува дека Словенија ќе ја има неофицијалната улога на домаќин во Загреб, ако се знае дека Љубљана е оддалечена помалку од 150 километри од главниот град на Хрватска. Според пресметките и најавите, на утрешниот меч против Македонија ќе има околку 10.000 словенечки навивачи. Во прилог да дојдат во што еможно поголем број е и тоа дека утре е сабота и многумина од нив нема да имаат работни обврски. 

Словенија нема да биде единствената со помош од трибините. Нашата репрезентација треба да има поддршка од околу 2.000 навивачи. Тоа значи дека македонската „Фаланга“ ќе биде речиси пет пати помалкубројна, но тоа не значи дека нема да биде бучна колку што можат да бидат противничките симпатизери. 

Македонските ракометари утревечер ќе имаат тешка битка на теренот, но ќе биде „жешко“ и на трибините. 

Најново во Ракомет