Вечерва почнува СП во ракомет

Французите во атак на кота 500 илјади билети

Франција е домаќин на јубилејното 25. светско првенство во ракомет, а домаќините очекуваат добра посета и продажба на 500 илјади билети за сите мечеви. Досега се продадени околу 430 илјади „карти“, од вкупно 656 илјади кои се пуштени во продажба

објавено: 11 јануари 2017 - 13:00

Франција е домаќин на јубилејното 25. светско првенство во ракомет, а домаќините очекуваат добра посета и продажба на 500 илјади билети за сите мечеви. Досега се продадени околу 430 илјади „карти", од вкупно 656 илјади кои се пуштени во продажба.

Премиерата е вечерва од 20,45 часот во Париз во салата „Берси“, каде Франција ќе му излезе на мегдан на Бразил. Турнирот ќе се игра во 8 градови со 24 репрезентации, меѓу кои е и Македонија. Ние сме во Б групата во Мец, а противници во првата фаза ќе ни бидат Тунис, Ангола, Словенија, Шпанија и Исланд. Првите 4 селекции одат понатаму, во осминафиналето, а останатите ќе играат во популарниот Президент куп во Брест.  

Најново во Ракомет