ПОПЛАДНЕВО Е ЖДРЕПКАТА ЗА ЗАВРШНИОТ ТУРНИР ВО БУДИМПЕШТА

Ѓер, Ростов Дон или Букурешт? Кој би бил полесен пат на вардарки на Ф4

Македонскиот првак по петти пат ќе биде дел од фајнл-фор турнирот, а го брка првото злато

објавено: 17 април 2018 - 14:05

Ракометарките на Вардар попладнево во 18 часот треба да го дознаат противникот за полуфиналето на фајнл-фор турнирот кој традиционално се игра во Будимпешта. „Црвено-црните“ девојки по петти пат ќе бидат дел од завршницата, но засега уште се немаат израдувано на најсјајното одличје, односно златото. 

Освен Вардар, во барабанот ќе бидат и имињата на екипите на Ѓер, Ростов Дон и Букурешт. Тоа се четирите екипи кои на 12 мај ќе излезат во „Ласло Пап Арената“ на полуфинален мегдан. Според пропозициите, секој со секого може да се падне за противник. 

Вардарки лани беа најблиску до посакуваниот европски трон, кога во финалето, дури по продолженија загубија од домаќинот на турнирот, екипата на Ѓер. Ова ќе биде последна шанса вардарки за историски успех, бидејќи по завршување на сезоната, речиси сите играчи си заминуваат во други клубови. 

 

Најново во Ракомет