„СПОРТМЕДИА“ СО СТРУЧНИ КОМЕНТАТОРИ ЗА МУНДИЈАЛОТ

Гонзалез: Франција е фаворит број еден, Македонија ја има мојата поддршка

„Франција е премногу моќна и мислам дека нема да дозволи изненадување пред своите навивачи. Македонија и ракометарите имаат моја голема поддршка" се зборовите на тренерот на Вардар

објавено: 11 јануари 2017 - 20:16

Вториот стручен коментатор на „Спортмедиа" , за натпреварите на Македонија ќе биде Раул Гонзалез.

Шпанскиот тренер кој веќе неколку години го предводи македонскиот шампион Вардар, со своето огромно познавање важи за еден од најдобрите во ракометниот свет. Затоа, огромна чест ни претставува што ќе ги анализира средбите на „црвено-жолтите".

Раул најпрвин ќе ги искаже очекувањата од ова Светско првенство.

„Франција има неверојатни ракометари и според мене се најголемите фаворити за освојување на титулата. Мислам дека не треба да бидеш многу голем експерт за ова да го констатираш. Сепак тука се незгодните Шпанија, Германија и Данска. Реалната слика за можностите ќе ја имаме некаде по финишот на второто коло од групната фаза. Тогаш може да се даде реална процена. Јас искрено последниов период не ги следев толку многу репрезентативните случувања и затоа не знам каква е состојбата во селекците".

 

„Македонија исто така има одличен тим. Селекторот Лино Червар е искусен во својата работа и знае што прави. Јас само можам да им ја посакам целата среќа на овој Мундијал" истакна Гонзалез.

Најново во [Спортмедиа]