ПОРАДИ ИСТАКНУВАЊЕ НА ЗНАМИЊА СО ГОЛЕМА МАКЕДОНИЈА

Грците „плачеле“ и поради европскиот првак Вардар

Од ракометната федерација на Грција било испратено писмо до челниците на европската ракометна федерација, во кое се бара жестока казна за актуелниот европски првак 

објавено: 20 август 2017 - 15:15

Актуелниот европски првак Вардар бил на мета на грчката ракометна федерација, која барала европската федерација да реагира против „црвено-црните“. Грчката федерација имала забелешки за тоа што се случувало на фајнл-фор турнирот во Келн пред повеќе од два месеци. 

На завршницата од Лигата на шампионите, Вардар ги победи Барселона и Пари Сен Жермен и се искачи на тронот на Европа. Забелешката на Грците е тоа што, вардарци решиле европската титула да ја слават со знаме на голема Македонија и со сонцето од Кутлеш. Јужниот сосед се жали и за употребата на името Македонија на официјалните лица во Келн. 

Грците имаат упатено и официјално писмо со забелешки во кое меѓу дрогото стои:

„Често слушавме како презентерот Том О’ Бранагејн го употребува името Македонија, а не референцата „ФИРОМ“, која е официјална за земјата од каде што доаѓа тимот на Вардар. Презентерот официјално треба да знае под кое име е примена земјата во ЕХФ и тоа треба да биде употребувано. За грчката федерација е неприфатливо да се користи името Македонија за таа земја. исто така имаме забелешки и за фотографијата која беше направена по завршување на финалето, во соблекувалната на Вардар. Еден член од групата држи знаме со национални симболи на Грција. „Знамето на Виргина“ кое ги обележува грчите територии (Солун, Халкидики, Верија, Касторија, Драма, Кавала и Кукуш). Наместо името ФИРОМ на знамето стоеше Македонија! Оваа фотографија е голема провокација за Грците“, стои во дел од испратеното соопштение од грчката федерација до ЕХФ. 

Грците барале да се тргне спорната фотографија од сајтот на ЕХФ, да се истражи како таа стигнала до сајтот на европската федерација, да се опомене презентерот Том О' Бранагејн затоа што не го користел името ФИРОМ.

Сепак Грција џабе „плаче“ бидејќи ЕХФ очигледно не ги служа нивните неосновани забелешки. Токму поради името Македонија, грчката женска репрезентација за ракометарки до 18 години, го напушти мечот против нашите надежи, а ЕХФ жестоко ги казни. Грција бепе исфрлена од турнирот во Македонија а заработи и парична казна поради прекинот на средбата. 

 

Најново во Ракомет