МАКЕДОНСКИОТ ШАМПИОН ТРГНА СО ПОБЕДА

Вардарки го газеа Ференцварош, па застанаа

ЖРК Вардар со победа ја отвори новата сезона во Лигата на шампионки, откако на домашен терен го совлада унгарскиот тим со 34-31 (20-11). 

објавено: 6 октомври 2017 - 20:22

ЖРК Вардар не можеше да посака поубав старт во новата сезона од Лигата на шампионките. Очекуваа тежок меч, но избраничките на Ирина Дибирова полесно од очекувањата го совладаа Ференцварош со 34-31 (20-11). Крајната разлика не е реална слика за она што се слушуваше на теренот.

„Црвено-црните“ покажаа две лица,  моќна и квалитетна игра во првото полувреме која најавува нова незаборавна сезона во елитното натпреварување во кое единствена цел е освојување на шампионската титула и слабо второто полувреме кое треба да загрижува.

Драган Цвијиќ со седум гола од исто толку обиди беше најефикасна, исто толку погодоци имаше и Андреа Лекиќ. Еден погодок помалку постигнаа Пенезиќ и Лакрабер.

Унгарките беа рамноправен противник само во воведните минути, по 4-4, македонскиот тим најпрво поведе со 6-4, а потоа и со 7-5. Откако ФТЦ израмни на 10-10 во 17. минута, „црвено-црните“ одиграа како во транс, направија серија од 9-1 за највисоки 20-11 на полувремето. Во овој период блескаше Цвијиќ која имаше пет погодоци, а одлично ја пратеа Лекиќ, Пенезиќ и Радичевиќ.

Не се промени ништо ниту по одморот, вардарки продолжија во исто темпо, безмилосно го полена голот на противникот, во 46. минута поведоа со двоцифрени 31-21. ФТЦ успеа да намали на шест гола 33-27 на четири минути до крајот, пред се поради исклучувањето во редовите на македонскиот тим, но и отсуството на Драган Цвијиќ.

Но, Унгарките не застанаа тука дојдоа на минус четири 34-31, но немаа сили, а ниту време за пресврт. На крајот Вардар наместо убедлива победа, славеа со три гола разлика.

Во следното коло, Вардар му гостува на Турингер. 

 

Најново во Ракомет