крај на најдолгата серија во историјата на женскиот ракомет

Хипо доживеа пораз по неверојатни 22 години!

Вистинско чудо се случи во Австриската женска ракометна лига, бидејќи гигантот Хипо загуби по верувале или не, цели 8.255 дена!

објавено: 5 ноември 2015 - 19:46

Митот за непобедливоста на Хипо го урна Корнебург, кој славеше со 26-24 над противникот кој никој не го совладал уште од март 1993 година! За тоа колкав фаворит беше Хипо на оваа средба, доволно говори податокот дека обложувачниците не примаа уплати за победа на овој тим, а за победа на Корнебург квотата беше 19!

Но, ваквите серии не се реткост во светот на женскиот ракомет, а најдобар пример за тоа е серијата на нашиот Кометал, кој немаше пораз во македонската прва лига цели 17 години. Кичево е клубот што прв го урна тој мит, но во време кога скопјанки веќе беа во распаѓање поради беспарица.

Најново во Ракомет