ШТО ПИШУВААТ ЛОКАЛНИТЕ МЕДИУМИ ПО ДУЕЛОТ МКД - СЛО

Хрватите воодушевени од македонската убавина на трибините и од атмосферата која ја направи „Фалангата“

Секој сака да има гости како што тоа се македонските навивачи во Загреб

објавено: 14 јануари 2018 - 08:45

Македонија како да играше на домашен терен во Загреб против Словенија, бидејќи неколку илјади навивачи обоени во црвена и жолта боја, направија атмосфера за памтење. Фантастичното навивање, на крајот ракометарите го наградија со победа од 25:24. Капитенот Кирил Лазаров рече дека токму публиката е најзаслужна за победата.

Хрватските медиуми не можеа, а да не забележат дека атмосферата што ја направи македонската „Фаланга“ беше слична како таа што домашните фанови ја направија на дуелот против Србија во Сплит. Тамошните медиуми „Индех.хр“ и „вечернилист.хр“ пишуваат за атмосферата во загребска „Арена“, но и за убавите Македонки кои беа на трибините.

 

 

Најново во Ракомет