ВО ПРЕСРЕТ НА ДУЕЛОТ НА ЕП ВО РАКОМЕТ

Хрватската полиција забрани навредување на Србите

Домаќинот Хрватска в петок ќе игра против соседот, во мечот со кој ќе стартува континенталното натпреварување

објавено: 10 јануари 2018 - 14:00

Полициската управа на сплитско-далматинскиот дел издаде соопштение во кое се предупредуваат навивачите да не прават инциденти, па дури и да не ги навредуваат Србите, во пресрет на дуелот меѓу Хрватска и Србија, на стартот на Европското ракометно првенство.

Хрватска во Сплит в петок ќе биде домаќин на Србија, во првото коло од континенталното натпреварување. 

„Забрането е внесување на транспаренти, знамиња и други работи со текст, слика или други обележја кои ќе поттикнат омраза и насилство и се темелат на расна, национална или религиска и верска основа.  Забрането е и пеење на песни и скандирање на пароли кои потикнуваат омраза и насилство“, се вели во соопштението од хрватската полиција. 

 

Најново во Ракомет