ВАРДАРЕЦОТ Е „МОЗОКОТ“ НА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА НА ХРВАТСКА

И легендата Балиќ се восхитува на Лука Циндриќ

Ивано беше во салата и ги бодреше „коцкестите“ кои убедливо со 10 разлика ја победија Србија

објавено: 13 јануари 2018 - 08:50

Легендарниот хрватски ракометар Ивано Балиќ, синоќа беше на трибините во салата во Сплит и ги бодреше „коцкестите“ во убедливата победа од 32:22 против Србија. Балиќ не можеше, а да не забележи дека предводник на оваа репрезентација на Хрватска е Лука Циндриќ. Вардарецот е главниот организатор во играта на домаќинот на ова ЕП.

„Лука е класа за себе. Мислам дека останатите треба уште подобро да го следат“, рече Балиќ, кој додаде дека атмосферата во салата во Сплит била на вистинско ниво и немало страшен притисок за противничките играчи.  

Најново во Ракомет