БЛЕСКА НАШИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕН ГОЛМАН ЗА ТИМОТ НА СТРАЗБУР

30 одбрани за два меча, МВП: Даскалоски во Топ 5 голмани во втората француска лига!

Во изминатиот петок на домашен терен во рамките од втората француска лига со резултат 32:31 триумфираше составот на Стразбур против Лимож каде што нашиот чувар на мрежата имаше вкупно 13 одбрани и беше прогласен за играч на натпреварот (МВП).

објавено: 15 октомври 2018 - 18:00

На претходните два првенствени дуели Златко Даскалоски запиша по 15 одбрани на тие две средби, против Шартр и Шербур. Иако беа загубени тие два меча, радува одличната форма на македонскиот голман и тоа во вистински период од сезоната кој што следува.

Моментно е во Топ 5 голмани во втората француска лига, поточно на петтата позиција (одбрани 54/184 или 29,35%), на врвот е Обрад Ивезиќ од редовите на Нанси (67/191 или 35,08%).

Да додадеме уште дека Даскалоски се наоѓа во поширокиот список кај селекторот Раул Гонзалез за претстојните први два натпревари од квалификациите за ЕП 2020 дома против Турција и на гости против Грција. Повеќе прочитајте ТУКА

Најново во Ракомет