ПРОБЛЕМИ ЗА НОВИОТ ТИМ НА МАКЕДОНСКИОТ ГОЛМАН

Ангелов и Анталија „исфрлени“ од Првата турска лига

Анталија заедно со Амасја се двата клуба кои ги немаат подмирено обврските кон Федерацијата и поради тоа имаат забрана за натпреварување во најсилното друштво

објавено: 17 јули 2017 - 10:50

Новиот клуб на македонскиот голман Петар Ангелов, Анталија има забрана од Турската ракометна федерација за настап во Првата лига за следната сезона, со оглед на тоа дека клубот ја нема платено котизацијата за натпреварувањето.

На редовното собрание на Турската федерација констатирано е дека Анталија заедно со Амасја се двата клуба кои ги немаат подмирено обврските кон Федерацијата и поради тоа имаат забрана за натпреварување во најсилното друштво.

Рокот за уплата на котизацијата поминал пред пет дена, но се шпекулира дека Анталија може да добие уште неколку дена за да ги подмири обврските и да остане во игра.

По четири сезони поминати во редовите на македонскиот првак популарниот Диви одлучи да ја смени средината и кариерата да ја продолжи во Турција, односно Анталија, со која потпиша едногодишен договор пред месец дена.

Најново во Ракомет