НОВА ПОБЕДА ЗА КАТАЛОНСКИОТ ГИГАНТ ВО АСОБАЛ

Барса со Бенидорм се загреваше за Лазаров, Борко одново одличен

Барселона забележа уште една рутинска победа во АСОБАЛ-лигата. Каталонскиот гигант на домашен терен го совлада тимот на Бенидорм со 34-19 во рамките на петото коло. 

објавено: 4 октомври 2017 - 22:27

Кога станува збор АСОБАЛ-лигата тука нема дилеми, Барселона е доминантна. Каталонскиот гигант за кого настапува македонскиот репрезентативец, Борко Ристовски на домашен терен го совлада Бенидорм со 34-19 во рамките на 5. коло. 

Гостите беа немоќни уште во првото полувреме, постигнаа само осум гола, а примија дури 18. Ристовски повторно беше на ниво на задачата, забележа 12 одбрани.

Овој меч за Барселона беше полесен тренинг пред дуелот со Нант и Кире Лазаров во Лигата на шампионите. 

Најново во Ракомет