ОЧЕКУВАН ТРИУМФ НА КАТАЛОНСКИОТ ТИМ

Барселона со Ла Риоха се загреваше за Вардар, Ристовски со 2/15

Пред гостување во Скопје, каталонскиот гигант забележа победа во АСОБАЛ-лигата, вкупно шеста. Нова жртва на Барселона беше тимот на Ла Риоха, кој беше совладан со 32-25.

објавено: 11 октомври 2017 - 22:12

Барселона со серија од седум победи во низа (пет во АСОБАЛ и две во ЛШ) доаѓа во Скопје, каде во сабота му гостува на Вардар во рамките на петото коло во елитното натпреварување. Каталонскиот гигнат го забележа шесттиот триумф во шпанското првенство, откако на гостувањето кај Ла Риоха славеше со 25-32.

Барселона победата ја најави уште во првото полувреме по кое имаше предност од 10-14. Македонскиот репрезентативец, Борко Ристовски имаше две одбрани од 15 удари.

Натпреварот меѓу Вардар и Барселона се игра во сабота, овој ќе биде дуел за првото место во групата А. 

Најново во Ракомет