КАТАЛОНСКИОТ ТИМ ГО ЗАБЕЛЕЖА 14. ТРИУМФ

Барселона убедалива, Ристовски скромно

Барселона со убедлива победа се загреваше за Купот, кој викендов се игра во Леон. Лидерот во АСОБАЛ на гостувањето кај Теукро славеше со 38-18 (18-15). 

објавено: 13 декември 2017 - 21:55

Барселона ја забележа 14. победа во АСОБАЛ, откако на гостински терен го совлада Теукро со 38-28 (18-15). За каталонскиот тим ова беше загревање за она што го чека викендов во Леон, каде се игра завршницата од Купот.

Македонскиот репрезентативец, Борко Ристовски го започна мечот, но немаше својата вечер. На голот на каталонскиот тим беше до почетокот на второто полувреме, а потоа на негово место влезе Перез де Варгас. Ристовски запиша само четири одбрани. 

Најново во Ракомет