ШПАНСКИОТ ТИМ ЛЕСНО СО АДЕМАР

Борко во елемент, Барса убедлива

Барселона стигна до 18 победа во АСОБАЛ-лигата, на домашен терен го совлада Адемар со 28-20 во рамките на 19. коло. Репрезентативниот голман, Борко Ристовски беше на ниво на задачата. 

објавено: 21 февруари 2018 - 21:56

Барселона ја забележа шестата победа во низа во АСОБАЛ-лигата, вкупно 18-та сезонава, откако на домашен терен го совлада Адемар со 28-20 (17-12) вo рамките на 19. коло. Каталонскиот гигант лесно дојде до двата бода, уште на стартот „набилда“ водство, а до крајот рутински го приведе мечот.

Македонскиот репрезентативец, Борко Ристовски одлично ја заврши својата задача. На голот на Барса беше целиот меч, а зад своето име запиша 14 интервенции од 34 удари. Прв стрелец кај победникот беше Валеро Ривера со 11 погодоци од 15 обиди.

Барселона е лидер на табелата во АСОБАЛ-лигата со скор од 18 победи и едно реми, има 12 бода повеќе од Адемар, кој има 25 бода.  

Најново во Ракомет