МАКЕДОНСКИОТ ИНТЕРНАЦИОНАЛЕЦ СО НОВ КЛУБ ВО ШВЕДСКА

Цветковски ќе брани за Иштад

Чуварот на мрежата по една сезона во Хелсингборг, следната ќе ги брани боите на Иштад во најсилното шведско друштво

објавено: 16 јуни 2017 - 13:08

Македонскиот интернационалец Јане Цветковски, останува на шведската сцена и следната сезона, но во нов клуб во најсилното друштво. Откако сезонава успешно го чуваше голот на Хелсингборг, со кој стана шампион во Првата лига, тој продолжува во Иштад, тим кој беше елиминиран во полуфиналето на плеј-офот.
Информациите кои дојдоа од новиот клуб велат дека по еднонеделна проба, Цветковски ги задоволил нивните стандарди, а добиле добра препорака и од тренерот на сега веќе екс-клубот Хелсингборг.
Цветковски беше играч на Тинекс Пролет, а интернационалната кариера ја започна во Агро Тополчани од Словачка. Потоа бранеше за сараевска Босна, за сега две години во низа да се задржи на шведско почва.

Најново во Ракомет