МАКЕДОНСКИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕН ГОЛМАН ЗА „СПОРТМЕДИА“

Даскалоски: За мене Стразбур е голем предизвик, пред нас е тешка сезона!

Нашиот репрезентативен чувар на мрежата (33) од новата сезона 2018/2019 ќе настапува за својот нов клуб, Стразбур кој настапува во втората француска ракометна лига и ќе се бори за влез во елитното друштво.

објавено: 13 септември 2018 - 18:00

Да потсетиме, Златко Даскалоски четири години ги бранеше боите на романската екипа Темишвар и каде што имаше импресивни настапи, потпиша две-годишен договор со тимот на Стразбур.

Ексклузивно за „Спортмедиа" говореше Златко Даскалоски, македонскиот голман на францускиот ракометен клуб Стразбур.

„Засега сум презадоволен, играчите многу ми помагаат, ме прифатија одлично. Како играчите така и клубот, сите се супер. Голем предизвик за мене и едно сосема ново искуство да се биде играч во ваква земја, каде што се е добро организирано, со систем и менталитет многу поразличен од нашиот. На мене и на мојата фамилија премногу ни се допаѓа начинот на живот, системот како функционира едно секојдневие. Тренираме во одлични услови, подготовките беа напорни, што е нормално за овој припремен период. Сега од овој викенд ни започнува првенството, не очекува борба и една тешка сезона", ни изјави македонскиот голман.

Според најавите новата сезона во втората лига на Франција (Proligue, Championnat de France ProD2), ќе започне в петок, во првото коло Стразбур ќе игра на гостувањето против Ст. Марсел Вернон.

Освен за Темишвар, Даскалоски беше дел уште Вардар, Пролет, Ловќен, Анкара, воедно беше во поширокиот состав кај селекторот Раул Гонзалез и тренираше со репрезентативните колеги за настапот во јунскиот бараж за СП против Романија преку која успеаја „црвено-жолтите" да обезбедат настап на Мундијалот 2019 што ќе се одржи во Данска и Германија.

Најново во Ракомет