ИСКУСНИОТ ГОЛМАН ПРОДОЛЖУВА СО ОДЛИЧНИТЕ ПАРТИИ

Диви не застанува, повторно „дивееше“ на голот, заедно со Митков се страшен тандем

Поранешните македонски репрезентативци, Петар Ангелов и Влатко Митков одиграа одличен меч против Брегенц. Благодарение на феноменалните одбрани на искусниот голман и осумте подогодоци на десниот бек, Кремс дојде до нов триумф (35-31).

објавено: 17 февруари 2018 - 08:41

Ново магично издание на Петар Ангелов во дресот на Кремс. Поранешниот репрезентативец повторно беше на ниво на задачата, на дуелот против Брегенец ја имаше главната улога. Благодарение на неговите интервенции во клучните моменти, Кремс славеше со 35-31, а популарниот Диви беше прогласен за МВП на мечот.

Во добро издание се покажа Влатко Митков. Десниот бек беше прв стрелец во редовите на својот тим, запиша осум погодоци.

Кремс со втората победа е на лидерско место на табелата во групата од пет екипи.

 

 

Најново во Ракомет