Турција е наредната дестинација

Диви продолжува во Анталијаспор

Искусниот чувар на мрежата ја игра последната сезона во Вардар, а од наредната ќе го гледаме во дресот на Анталија

објавено: 1 јуни 2017 - 15:14

Петар Ангелов својата богата кариера ќе ја продолжи во турскиот клуб Анталија. Искусниот чувар на мрежата кој пред неколку дена за „спортмедиа" изјави дека не планира да се пензионира, наредниот предизвик ќе го има во Турција.

Како што е познато, Ангелов ја брани последната сезона во Вардар со кого успеа да обезбеди Ф4 во Лигата на шампионите. Иако најпрвин беше најавено дека ќе се пензионира, сепак, очигледно е дека од тоа не испадна ништо, напротив, својата богата кариера ќе ја надополни со ново интернационално искуство.

Најново во Ракомет