Брзо се забораваат големите успеси

До вчера беше херој, сега го плукаат: Кире не ги заслужи погрдните зборови

И покрај тоа што капитенот на македонската репрезентација, Кире Лазаров јавно го искажа своето мислење за моменталната политичка ситуација во нашата земја, сепак не ги заслужи погрдните зборови и бројните критики...

објавено: 8 март 2017 - 18:29

Овие два дена Кире Лазаров е топ тема во македонската јавност. Откако капитенот на нашата репрезентација, преку својот „Фејсбук“ профил го искажа своето мислење за моменталната политичка ситуација, дел од неговите фанови кои до вчера буквално се удираа в гради и се крстеа во него, сега му поделија илјадници погрдни зборови...

И не е проблем што дел од јавноста не се согласува со размислувањата на Лазаров, проблем е начинот на којшто ракометарот на Барселона беше нападнат. Вашиот херој, вашата спортска икона, гордоста на Македонија...која секогаш игра со сета душа и никогаш не се штедел на теренот, преку ноќ стана само обичен спортист што трча по топка и нема мозок...

Треба да се засрамиме, многу брзо дозволуваме она што е „свето“ брзо да го згазиме и да го исплукаме...Уште еднаш се потврди дека македонската култура е изумрена...И покрај тоа што, Лазаров јавно го споедли своето размислување не ги заслужи вашите погрдни зборови, во нашиот речник има и други зборови со кои можеме да искажеме нашето несогласување. 

Не заборавајте Кире Лазаров е вашата ракометна икона - спортист кој долго време не прави горди Македонци преку своите настапи во дресот на Барселона, но и во репрезентацијата. Истот играч без разлика на владеачката партија, ќе гине на теренот и ќе ги полни мрежите на противниците.

Пишува: Марија Ковачева

Најново во Ракомет