Триумф за нашиот интернационалец на последниот меч од 2016

Два гола за Миркуловски, и правец Маврово!

Во победата на Вецлар против Балинген од (25:17), нашиот репрезентативец се вгради со два погодоци. и за ден или два патува во Маврово, заедно со неговиот бундеслигашки колега Дејан Манасков да се приклучат на подготовките на нашиот национален тим. 

објавено: 26 декември 2016 - 19:18

Филип Миркуловски и неговиот клуб Вецлар со победа ја затворија календарската 2016 година.

Популарниот „Жути“’даде два гола со кои му помогна на Вецлар го победи Балинген со резултат (25:17).
Ова беше и последен меч за Миркуловски во оваа година на клупски план. пред се затоа што утре или ден пдоцна заедно со неговиот бундеслигашки колега Дејан Манасков (Рајн Некар), треба да им се приклучат на подготовките на сениорската репрезентација на Македонија која веќе цела недела се подготвува на Маврово

Инаку, со оваа победа екипата на Вецлар е на седмото место во Бундеслигата. По 18 одиграни кола, има освоено 20 бодови.

Најново во Ракомет