КАТАЛОНСКИОТ ТИМ БЕЗ ПРОБЛЕМ И НА ГОСТИ

Едно полувреме за Борко, пет одбрани, Барса убедлива

Барселона го забележа 19. триумф во АСОБАЛ-лигата, откако на гостувањето кај Бенидорм славеше со 30-20 во рамките на 20. коло. 

објавено: 28 февруари 2018 - 22:05

Барселона дојде до уште една убедлива победа во АСОБАЛ-лигата. Каталонскиот гигант на гостувањето кај Белидорм славеше со 30-20 (12-10) во рамките на 20. коло, по кое има 19. триумфи и само едно реми за зацврстување на врвот на табелата.

Македонскиот репрезентативец, Борко Ристовски на голот на Барса беше само во првото полувреме, за кое запиша пет одбрани. Во вториот дел беше променет со Перес де Варгаз, кој имаше една интервенција повеќе.

 

Најново во Ракомет