СОСЕМА ОЧЕКУВАНО

ЕХФ ги номинираше Начевски и Николов за Европското

Европската ракометна федерација, номинираше 14 судии за континенталниот собир во Хрватска. На листата на ЕХФ очекувано се најдоа нашите најдобри судии, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов. 

објавено: 6 јули 2017 - 15:10

Европската ракометна федерација, номинираше 14 судии за Европското првенство во Хрватска. На листата на ЕХФ очекувано се најдоа нашите најдобри судии, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов. Македонската двојка очекуваме да го мине тестот, поточно семинарот, кој е закажан за периодот од 12 до 14 август. Начевски и Николов имаат големо искуство, полуфиналето во Лигата на шампионите е еден од многуте настани на кои биле делегирани. 

Семинарот ќе се одржи во Виена, од вкупно 14 номинирани судии само 12 ќе добијат „зелено“ светло за ЕП во Хрватска.

НОМИНИРАНИ СУДИИ

Андреј Гушко и Сергеј Репкин (Белорусија)
Матија Губица и Борис Милошевиќ (Хрватска)
Вацлав Хорачек и Јиржи Новотни (Чешка)
Мартин Гјединг и Мадс Хансен (Данска)
Оскар Ралуј и Ангел Сабросо (Шпанија)
Стеван Пичон и Лорент Ревере (Франција)
Ларс Гејпел и Маркус Хелбиг (Германија)
Зигмарс Сондорс и Ренарс Лицис (Латвија)
Ваидас Мажејка и Миндаугас Гателис (Литванија)
Ѓорѓи Начевски и Славе Николов (Македонија)
Дуарте Сантос и Рикардо Фонсека (Португалија)
Сорин Лаурентин и Константин Дин (Романија)
Евгениј Зотин и Николај Володков (Русија)
Артур Брунер и Морад Салах (Швајцарија)

Македонија на континенталниот собир се најде во групата Ц, заедно со Словенија, Црна Гора и Германија.  

Најново во Ракомет