КОМПЛЕТИРАН ТРАНСФЕРОТ

Филип Лазаров ќе игра во Турција

По неколку месеци поминати во Пелистер, репрезентативецот направи трансфер во тимот на Бешикташ

објавено: 10 октомври 2017 - 18:38

Македонскиот репрезентативец Филип Лазаров кариерата ќе ја продолжи во тимот на Бешикташ. Бекот кој го носеше дресот на битолски Пелистер ја прифати понудата од Турција и ќе го носи дресот на тимот кој игра во Лигата на шампионите.

Лазаров ќе биде соиграч со Немања Прибак, со кој заедно играа и во тимот на Вардар. 

Најново во Ракомет