РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦОТ НАЈЗАСЛУЖЕН ЗА ТРИУМФОТ

Георгиевски во одлична форма, ЧСМ Букурешт со лекција за шампионот

Македонскиот репрезентативец, Гоце Георгиевски е во фантастична форма, во триумфот над шампионот (33-20) постигна шест гола од исто толку обиди.

објавено: 13 октомври 2017 - 11:40

Македонскиот репрезентативец, Гоце Георгиевски од натпревар во натпревар е подобар. Неговата нова маестрална партија беше главна причина за триумфот на неговиот тим ЧСМ Букурешт на дуелот со бранителот на титулата во романскиот шампионат, Динамо Букурешт од 32-20.

Георгиевски натпреварот го заврши со шест погодоци од исто толку обиди.

За ЧСМ ова беше четврта победа во тамошниот шампионат и со скор од три порази се наоѓа на петото место на табелата. 

Најново во Ракомет