КАПИТЕНОТ ОСТАНУВА ВО УНГАРИЈА

Ѓорѓиевска уште две години во Фехервар

Капитенот на македонската женска репрезентација, Елена Ѓеоргиевска, го продолжи договорот со унгарскиот тим Алба Фехервар за уште две години.

објавено: 26 мај 2017 - 10:15

По одличната сезона, капитенот на македонската женска репрезентација, Елена Ѓеоргиевска, го продолжи договорот со унгарскиот тим Алба Фехервар за уште две години. Десниот бек и нејзиниот тим оваа сезона играа во групната фаза на ЕХФ Купот, и беа близу до четврт-финалето. Во домашното првенство Алба Фехервар го освои шестото место на табелата.

Ѓеоргиевска во унагрскиот тим дојде јануари минатата година, претходно настапуваше за романска Баја Маре, како и за унгарски Вац. Во својата кариера го има носено дресот на Еуростандард ЃП, Кометал ЃП, три сезони беше дел од шампионскиот состав на Металург, а потоа во Будуќност ја започна интернационалната кариера. Со црногорскиот тим таа освои и европска титула.

 

Најново во Ракомет